Дали сакаме да се вратиме во “нормалата“ од пред пандемијата?

37

Кога ќе почнеме да живееме она како што живеевме пред пандемијата од коронавирусот? Тоа е прашање на коешто целиот свет бара одговор, но кога се работи за бизнисот, се поставува прашањето дали го сакаме воопшто системот на вредности и бизнис култура од порано.

Дискриминација на работното место и понатаму постои низ светот, немаат сите исти можности во зависност од полот, расата или возраст и покрај ветувањата на компаниите да ја исправат таа неправда, пренесува Privredni.hr.

Според Светскиот економски форум, не се очекува разликата меѓу платите на мажите и жените да се намали во следните 208 години.

Работниците во Америка не сакаат да се вратат во нормала и да работат според корпоративната култура во којашто работеа пред пандемијата, покажуваат податоци од истражување во коешто се вклучени вработени во средни и големи компании што поминуваат низ криза, нивното чувство и поддршка што ја добиваат од работодавачите, како и влијанието на кризата врз стабилноста на работните места во иднина.

На прашањето што би сакале работодавачите во иднина да им обезбедат: 36% од жените и 27% од мажите се изјасниле дека сакаат флексибилно работно време. Податоците покажуваат дека 20% од жените и 40% од мажите сакаат работа од дома.

На прашањето дали оваа криза ќе го промени начинот на којшто ќе се работи во иднина, 87% од испитаниците сметаат дека повеќе ќе работат од далечина, а 81% сметаат дека поважно ќе им биде флексибилното работно време.

Фото: Pixabay