Дали сте добар лидер?

94

lider

Фото: Pexels

Мислите дека сте добар лидер. Имате позиција, титула и моќ. Вие сте главниот, но вработените не работат напорно, ви зборуваат зад грб, нивната ефикасност е ниска, а вие не разбирате зошто е таква ситуацијата. Идентификувајте ги причините за неуспех, зошто вашите вработени се чувствуваат изолирани и причините зошто не сте добар лидер. Можеби вие сте слабата алка во синџирот на компанијата.

Неорганизиран

Не можете да кажете како вашиот бизнис напредува, гледајќи во извештаите седнати на вашето биро, туку треба да излезете надвор од канцеларијата. Ефикасното лидерство бара организираност и работа на детали. Кога личноста без разлика дали е лидер или следбеник вели дека е многу зафатен за да ги измени плановите или треба да посвети внимание на некој итен случај, тој ја признава својата неефикасност. Успешниот лидер треба да се справи со сите детали поврзани за неговата работа.

Делегирате повеќе, работите помалку

Ако делегирате повеќе обврски, а вие преземате помалку од работата, тоа не ве прави добар лидер. Вистинските лидери не очекуваат другите да ја извршуваат нивната работа. Тие работат повеќе од другите и им помагаат кога имаат потешкотии во извршување на задачите.

Себичност

Лидерот кој себе си ја препишува заслугата за работата којашто ја завршиле неговите соработници, сигурно ќе биде игнориран од нив. Вистинскиот лидер ги пофалува своите соработници бидејќи знае дека луѓето го ценат признанието. Добар лидер е оној кој не се плаши од развојот на вработените и им овозможува да научат нови вештини.

Не давате фидбек

Кога последен пат сте имале отворен разговор со вашиот тим и сте ги прашале за тешкотиите со кои се соочуваат. Повратните информации се неопходни за ефикасно функционирање на тимот и бизнисот. Тимот секогаш треба да биде добро информиран.

Се заканувате

Ефикасниот лидер ги води соработниците преку охрабрување, а не со заканување. Вистинскиот лидер не наметнува авторитет, туку тој е полн со разбирање, фер однос и познавање на својата работа.