Емоционално интелигентните луѓе се одлични во завршување на своите обврски, способни да бидат вистински другар и да проникнат длабоко во секоја личност. Доколку се пронајдете во следниве неколку карактеристики можете да се приклучите во “тимот“.
Поседувате широк вокабулар на зборови
Можете да ги опишете емоциите со разни зборови, на различни начини. Тоа е така затоа што сте свесни за нив и ги разбирате.
Сакате повеќе да дознаете за другите
Љубопитни сте за луѓето околу вас, а таа карактеристика е резултат на вашата емпатија, еден од клучните елементи на EQ, односно коефицинетот на емоционална интелигенција.
Ги знаете вашите силни и слаби страни
Знаете како да ги користите вашите вештини и знаења и не им дозволувате на слабите страни да ви попречат во тоа што го правите.
Добро проценувте карактери
Имате способност да ги процените луѓето, да “проникнете“ во нив и да дознаете што сакаат, што ги мотивира и слично.
Не се навредувате лесно
Емоционално сте силни, па можете лесно да поставите граница помеѓу хуморот и деградацијата. Се случува дури и самите да направите шега на своја сметка, зошто едноставно, сте сигурни во своите способности.
Не барате совршенство
Наместо да го барате тоа што не постои, вие се фокусирате на возбудата за она што сте го направиле и за она што може да го постигнете во иднина.
Ги “бркате“ лошите мисли
Ги разграничувате лошите мисли од фактите и свесни сте дека ако им дозволите да надвладеат само ќе си наштетите на себе си.