Дали сте можеби лидер, а не сте свесни за тоа?

215

Дали сте можеби лидер, а не сте свесни за тоа? Еве неколку знаци што можат да ви покажат дека сте родени да бидете добар пример за другите:

Имате отворен ум и и барате мислења и од други луѓе. Со оглед на фактот дека секој сака да го каже својот став, тогаш сте на добар пат да станете лидер.

Нудите совети секогаш кога можете. Ако често ги советувате колегите и пријателите и ако луѓето го бараат и ценат вашиот совет тогаш она што го кажувате влијае на нивните понатамошни одлуки и расположение. Нема поголемо лидерство од помошта што вродува со плод.

Луѓето сметаат на вас, а тоа значи дека ви веруваат. Ако не ги изневерувате нивните очекувања и постојано демонстрирате доверба и доследност, нема сомнение дека поседувате лидерски дух.

Слушате внимателно. Вашата способност да ги ислушате другите и тоа што луѓето искрено зборуваат со вас без да се грижат дека нивните податоци ќе бидат искористени на лош начин, ве прави лидер многу повеќе отколку што мислите.

Луѓето го следат вашиот пример. Најмоќната форма на лидерство не е убедувањето, силата или аргументите, туку добриот пример што другите ќе го следат. И во добри и во лоши времиња луѓето гледаат кој е ефикасен и кој работи напорно и фокусирано. Ако вие сте таква личност природно е да имате следбеници.

Имате позитивен став. Оптимистите ги прават и другите околу нив среќни. Тоа не значи дека очите ви се затворени пред проблемите, туку дека кон нив се приоѓа на малку поинаков начин, се гледа доброто во секоја лоша ситуација и се прифаќа фактот дека кога – тогаш работите ќе се средат. Ако ширите позитивна енергија, зрачите и со лидерски способности.

Ги почитувате сите. Знаењето може да ви даде моќ, но ако покажувате почит кон другите истата и ќе добиете за возврат. Вистинските лидери ги вреднуваат сите луѓе подеднакво.

Фото: Pexels