Дали сте на вистинскиот претприемачки пат?

27

vrati

Фото: Pixabay

Започнување на нов бизнис може да донесе страв, колебање, повлекување, паника, особено кога ќе сфатите дека вие ја имате главната улога во тој животен подвиг.

Но тоа не мора да биде така. Фокусирајте се на она што навистина го сакате и умеете и полека, но сигурно ќе почнете да се движите во вистинската насока.

Тимска работа

Повеќето претриемачи започнуваат соло, но набрзо заклучуваат дека им е потребен тим. Некој што го знае оној дел од работата што вие не го владеете најдобро. За да можете успешно да се движите по претпримачката патека, ви требаат луѓе кои размислуваат како вас, сакаат да дадат сè од себе и луѓе на кои можете да се потпрете кога ќе биде потребно.

Вистински пример од животот

Сигурно сте слушнале интересни животни приказни за успехот и сте гледале како главниот протагонист со страст го пренесува своето искуство и ги мотивира присутните.

Вложете, учете, напредувајте, креирајте за да бидете и вие еден таков пример кој со задоволство ја раскажува својата успешна приказна. Постојано креирајте и пренесувајте го знаењето. Така ќе ви се отвораат нови врати и можности.

Вратете се наназад

Секоја недела одвојувајте време за уште еднаш да “поминете” низ претходно сработените активности и да ги одговорите следниве прашања:

Од сите задачи, кои не беа вредни за трудот?

Дали добив признание за нешто посебно?

Кои резултати ме направија особено горд/а?

Анализирајте

Анализирајте ги активностите. Како што се имплементира нова стратегија, така внимателно следете дали и колку е успешна. Или набљудувајте ги оние сегменти што најмногу ќе ве радуваат да дознаете дали придонесуваат за вашата крајна цел. Побарајте совет од вашите пријатели и одберете ја онаа алатка која најмногу ќе ви одговора. Наскоро ќе знаете на што најмногу да го трошите времето и кога да барате совет или помош.

Предизвик

Фокусирајте се на вашиот омилен дел од работата. Дали е можно тој дел да го замислите како клучен дел од една поголема визија која има добри шанси да стане успешна?

Креирајте фајл со еден збор што најдобро го опишува подвигот што најмногу ве прави среќни.  Потоа додајте ги сите синоними и поврзани зборови за идејата да излезе на виделина.

Кога листата ќе биде целосна, дали можете да ја видите вашата претприемачка патека и она што сакате да го постигнете?