Дали сте под стрес на работното место?

201

Зошто сте постојано уморни, нервозни и сметате дека ништо нема смисла? Премногу обврски, нервози, немате време да стигнете со дадените задачи, постојани расправии со колегите… Ако покрај ова ве следат и панични напади, не посегнувајте веднаш по апчиња за смирување, туку обидете се на природен начин да си обезбедите посреќен живот. Тоа значи дека сте под сериозен стрес.

Што претставува стрес? Според д-р Мелиса Степлер, дефиницијата за стресот претставувa “секој физички, хемиски или емоционален фактор што создава телесна или умствена напнатост“. Дали ова значи дека стресот секогаш е штетен? Не. Како што вели д-р Степлер, “умерениот стрес и благата напнатост понекогаш можат да бидат корисни. Умерениот стрес што го чувствуваме кога работиме некој проект или некоја задача честопати нѐ поттикнува да дадеме сѐ од себе и добро да си ја завршиме работата“.

Тогаш, кога стресот станува проблем? Д-р Степлер вели: Штетните последици доаѓаат тогаш кога стресот е многу голем или кога не знаеме како да се справиме со него. Да разгледаме некои вообичаени извори на стрес.

Кои се сиптомите дека сте под стрес? Тоа се хроничен умор, тешко будење, ноќни кошмари, вртоглавица, непријатен ПМС и нередовни менструации, недостиг на енергија, главоболки. Но, тука не смеат да се заборават и болките во стомак, слабата меморија, деконцентрираноста и анксиозноста.

Оптичка илузија којашто потврдува дека сте под стрес

Јапонскиот психијатар Јамамото Хашима е автор на инвентивната анимација којашто го мери стресот. Тој изработил слика со мрежа од шестоаголници и виолетова позадина. Кога гледате во сликата, таа одредено време се движи и прави бранови. Тоа значи дека вие сте под стрес и дека мора нешто да преземете. Но, ова е уште поопасно. Ако бранувањето не престане, тоа значи дека сте под уште поголем стрес. Во случај кога на прв поглед нема никакво бранување нема потреба од нервоза бидејќи вие сте сосема смирена личност.

Еве што треба да направите за да го победите стресот

Намалете го темпото за кратко

Кога станува збор за борбата со стресот, начинот на живот е пресуден. Некогаш навистина се чувствуваме како да сме во шеста брзина. Мора да научите кога е потребно да забавите и да кажете “не“. Ќе се почувствувате посмирено, а јогата е само еден преубав начин за намалување на стресот и анксиозноста. Освен јогата, тука е и медитацијата. Многу луѓе чувствуваат дека немаат нерви за медитација, но тоа да не ве обесхрабрува. Кога ќе научите да го забавите начинот на живот, вашето тело ќе се опушти и ќе помине во поздрав режим. Со тоа телото ќе ви подари нормална урамнотежност.

Внимавајте на својот дигестивен систем

Внимавате на својот систем за варење, бидејќи тој меѓу останатото, го лачи и хормонот серотонин кој прави да се чувствуваме добро. Врската помеѓу стомакот и мозокот е силна, па затоа депресијата честопати може да доведе до дијареја или опстипација. Ако се храните со здрави намирници вашиот систем за варење ќе работи правилно. Со тоа, на природен начин ќе ги ублажите нервозата и стресот.

Лековити билки

Постојат неколку клучни билки кои ќе ви помогнат во стресни ситуации, како на пример паничен напад или депресија. Овде спаѓаат Радиола, Сибирски гинсенг, Шисандра и Астралагус. Научниците претпоставуваат дека овие билки делуваат на централниот нервен систем којшто понатаму испраќа пораки до органите, ткивата и клетките. Другиот вид билки, делуваат како средство за смирување на нервите, ја смируваат нервозата, помагаат да се намали чувството на анксиозност. Исто така, го јакнат и одговорот на телото на стресот. Во оваа група спаѓаат копривата, кантарионот и бакопата.

Подобрете го своето расположение

Два најдобри начини за подобрување на расположението се физичката активност и внесување протеини. Докажано е дека вежбањето е еден од најдобрите антидепресиви. Не само што вежбањето го поправа вашето расположение, туку ја намалува и анксиозноста, ги регулира хормоните на стрес, плус и го зацврстува вашето тело. Со вежбање внимавајте да внесувате доволно протеини за појадок, ручек и вечера. Со правилно внесување тие прават да се чувствуваме поздраво и да бидеме подобро расположени.

Фото: Pexels