Фото: Pexels
Многумина веруваат дека да се биде допадлив е карактеристика што ја поседуваат луѓето со добар изглед, талент, социјални врски… Но, некои личности иако немаат многу пари или социјални врски секогаш зрачат со позитивна енергија и самодоверба. Секој ги сака претставителните личности во својот живот бидејќи од нив може да се побара помош, совети и пријатни се за дружење.
Овие навики се карактеристични за претставителните личности:
Се фокусираат на луѓето
Претставителните личности се интересираат за луѓето околу нив. Тие не го трошат времето размислувајќи само за себе и тоа како изгледаат бидејќи им посветуваат внимание на луѓето со кои разговараат.
Наоѓаат причина да го сакаат животот
Тие се позитивни и енергични, никогаш не им е здодевно бидејќи го гледаат животот како неверојатна авантура, а на проблемите гледаат како на привремени пречки.
Тие ги третираат сите со почит
Без разлика дали разговараат со нивните најголеми клиенти или со колеги тие се љубезни и сите ги третираат со почит.
Имаат интегритет
Јавно ги изнесуваат своите уверувања дури и кога тие верувања не се во согласност со мнозинството. Внимаваат на другите луѓе и нивните потреби и им помагаат на оние на кои тоа им е потребно. Не се претставува како поинаква личност пред другите, искрена е и има внатрешно чувство за морална доследност.
Не се наметнуваат
Тие не доминираат во разговорот со приказни за тоа колку се паметни и успешни. Не сакаат да се наметнуваат со нивните фалби за да го привлечат вниманието бидејќи се свесни за спротивниот ефект.
Почесто се смеат
Луѓето природно и несвесно се огледало на говорот на телото на личноста со кои разговараат. Тие се насмевнуваат за време на разговорот, а насмевката несвесно ја возвраќа и личноста со која зборуваат.