Дали сте воркохолик или ефективен работник

194

Иако се чини дека и двата типа на луѓе работат напорно, ефективниот работник има одржлива работна етика, додека воркохоликот е на пат да “прегори“. Ефективниот работник работи напорно на здрав начин и се чувствува среќен и инспириран, додека воркохоликот работи на начин што му го загрозува здравјето, се чувствува несреќен и исцрпен.

Џулиен Гордон, советник за кариера  наведува пет разлики помеѓу работохолик и  ефикасна личност.

Резултат vs зафатеност

Ефективните личности на ум го имаат само крајниот резултат. Важни им се резултатите. А кога таквата личност не може да ги реши проблемите, смислува нови идеи и стратегии за остварување на резултати.

За воркохоликот главната цел е да биде зафатен. Продуктивноста не е негова одлика. Воркохоликот верува дека ако е повеќе зафатен, вредноста им е поголема.

Знаат кога е доволно vs никогаш не е доволно

Ефективните работници знаат кога треба да запрат и кога да ја прифатат и најмалата победа. Тие своето внимание и труд го насочуваат кон области од големо значење, а отстапуваат од области кои не се толку битни.

За воркохолиците никогаш ништо не е доволно. Работата не е добро завршена, немаат доволно време, доволно поддршка. Секогаш сакаат повеќе бидејќи немаат дефиниран поим за успехот.

100% во вистинско време vs 110 % цело време

Ефективните личности знаат кога треба да запнат и да дадат 100% од својата сила. Воркохоличарите даваат 110% цело време, не само за време на важни проекти, бидејќи не знаат да ја одредат важноста на работата.

Ја знаат својата вредност vs други им одредуваат вредност

Воркохолиците не знаат колку вредат па оставаат другите да им ја одредуваат вредноста: колеги, шефови, клиенти.. и постојано работат со страв дека нема да ги  задоволат барањата на другите. Самодовербата кај ефективните работници не зависи од туѓите проценки.

Проактивни vs реактивни

Ефективните личности однапред го планираат својот ден, прво ги завршуваат најважните задачи, а останатите ги распределуваат во втората половина и оставаат место, односно време за непланирани задачи. Од друга страна воркохоликот не се проактивни и делуваат само на зададени задачи. Нивниот работен ден и време најчесто го одредуваат други, односно ги решаваат задачите како што доаѓаат, а не по нивна важност.

Фото: Freepik