Дали знаете што значи овој сообраќаен знак?

234

Мобилните телефони станаа составен дел од нашиот секојдневен живот – сепак, тие можат да бидат опасни доколку се користат таму каде што не се наменети.

Овој сообраќаен знак се наоѓа во Германија, а служи да ги предупреди луѓето дека не треба да гледаат во мобилните телефони додека се движат по улица, а особено додека користат пешачки премини.

Пешаците кои го прават ова не само што се загрозуваат себе си, туку и другите, а за такви луѓе е измислен зборот „смоби“ (smombie)– составен од зборовите „паметни телефони“ и „зомби“.

Германија, инаку, не е единствената земја каде што постојат вакви сообраќајни знаци. Поставени се и во Јужна Кореја, како и во Литванија, каде им се „загрози“ судар со автобус.