Што е ергономија?

7759

Ергономија е научна дисциплина чија задача е да го истражува човековиот организам и однесување, со цел да обезбеди податоци за прилагодување на предметите со кои човек доаѓа во контакт. Со еден збор, ергономија е наука што се занимава со проучување на интеракцијата меѓу луѓето и машините, односно се занимава со дизајн на производи и уреди коишто треба да бидат најдобро прилагодени на човечкото тело.

Појавата на оваа наука се врзува за брзиот развој на технологијата, чии уреди стануваат сè поефикасни и посовршени. Со оваа наука се занимаваат биолози, антрополози, психолози, антрополози…

Ергономијата овозможува квалитетно да се работи, да се зголеми производството, да се намали бројот на професионални заболувања и да се зголеми ефикасноста и безбедноста при употреба на одреден технолошки уред. Токму преку ергономија, дизајнерот го прилагодува или менува обликот на уредот за да биде најсоодветен за користење.

Фото: Pixabay