Даночни поттикнувања кај данокот на добивка – донации и спонзорства

1159

Како долгогодишен Адвокат на неколку спортски клубови во Република Северна Македонија, многу често се сретнувам со прашањето за даночните поттикнувања кога станува збор за донација или спонзорство во спортските клубови.

Со цел олеснување на целата постапка и одговор на прашањата поврзани со донирањето или спонзорирањето на спортските клубови, решив да ја напишам оваа колумна.

Приматели на донација и спонзорство може да бидат спортски клубови, индивидуални спортисти и национални спортски федерации.

Согласно измените на законот за донации и спонзорства вршителите на јавните дејности односно спортските клубови поднесуваат барање до Агенцијата за млади и спорт со цел добивање на ваучер кој е на определена вреденост и кој важи за една година. (секоја година Агенцијата за малди и спорт, дава ваучер за тековната година)

Еден спортски клуб или индивидуален спортист, може во тековната година да прими провеќе донации од различни правни лица по основ ваучер, но важно е да се напомене дека донацијата/ донациите не смеат да го поминат лимитот на ваучерот кој се однесува на сумата определена во истиот.

По добивањето на ваучерот вршителот на јавна дејност  (спортскиот клуб) кога ќе склучи договор за донација со друго правно лице даночен обврзник, на даночниот обврзник (давателот на донација) на данокот на добивка кој донирал средства на правно лице износот на дадената донација во тековната година според одредбите на Законот за донации и спонзорства му се признава како расход во висина од 5 % од вкупниот приход.

При склучување на Договорот за донација, на давателот на донацијата задолжително му се приложува ваучерот со цел пријавување на Договорот за донација во Управата за јавни приходи. По поднесување на Договорот за донација, Управата за јавни приходи дава одоговр во рок од 15 дена и потоа се префрлаат паричните средства на наменска сметка (која задолжително се наведува во самиот договор за донација) на примателот на донацијата

Доколку вршителот на јавна дејност (спортскиот клуб) склучи договор за спонзорство со правно лице -даночен обврзник, на даночниот обврзник на данокот на добивка кој спонзорирал средства, износот на даденото спонзорство во тековната година според одредбите на законот за донации и спонозрства му се признава расход во висина од 3% од вкупниот приход.

При склучување на Договорт за спонзорство, примателот на спонзорството на давателот му издава фактура на износот кој е предмет на спонзорирање и Договорот за спонзорство се поднесува во Министерство за правда со цел добивање на Решение со кое се потврдува јавниот интерес. За разлика од Договорот за донација, со Договорот за спонзорство, примателот на спонзорство во самиот договор и согласно законот се обврзува да го рекламира Давателот на спонозрството (на банер, на дрес и сл.).

За остваруваање на даночното поттикнување по основ на донација или спонзорство правното лице- давател на донација кон даночниот биланс доставува копија од Договорот за донација (во кој задолжително во содржината на самиот договор е наведен број на ваучерот), односно правно лице – спонзор, доставува Решение/ потврда од Министерство за правда со кое се потврдува јавниот интерес и се приложува кон годишната даночна пријава, како и доказ за уплатата на средствата.

На овој начин, Компаниите, дел од својата обврска за данок на добивка која ја имаат спрема државата, наместо да ја платат на државата, имаат можност да ја вложат во спортски клуб или индивидуални спортисти. Преку овие даночни поттикнувања, спортските клубови и индивидуалните спортисти добиваат подршка за унапредување во спортот и спортските дејности а компаните добиваат даночни ослободувања.

Адвокат Слаѓана Штимац