Дарио Витале е новиот креативен директор на Емпорио Армани

Дарио Витале е новиот креативен директор на Emporio Armani, а во исто време ќе го преземе креативното водство на модните додатоци на Giorgio Armani.

Тој веднаш ги презема обете позиции, со што едно од најинтересните дизајнерски имиња во последните години започнува ново поглавје во својата кариера.

Неговото назначување е особено значајно за групацијата Armani бидејќи е прв случај во историјата на куќата креативното водство на една од нејзините линии да му биде доверено на дизајнер – надвор од семејството Армани. Промената доаѓа една година по смртта на Џорџо Армани, кој го основа Emporio Armani во 1981 година како помлада, подостапна и експериментална интерпретација на неговата препознатлива естетика. Денес, брендот сè уште ја негува токму таа малку порелаксирана и урбана страна на светот на Армани.

Витале пристигнува во Armani по краток, но многу популарен ангажман во Versace. Во пролетта 2025 година, тој стана првиот дизајнер надвор од семејството Версаче кој го презеде креативното водство на куќата, но соработката заврши само осум месеци подоцна, откако групацијата Прада го презеде Versace. Во тој период, тој претстави само една колекција, за пролет/лето 2026, која привлече големо внимание од модната индустрија.

Сепак, поголемиот дел од искуството на Витале е поврзано со Miu Miu, каде што помина 14 години работејќи со Миуча Прада и на крајот стана директор за дизајн на колекции за готова облека и раководител на имиџот.