Dell го лансираше новиот Inspiron лаптоп

21

Dell Inspiron 3521_5.jpgНовиот 15-инчен Inspiron лаптоп 3521им овозможува на корисниците решавање на разновидни задачи. Овој повеќенаменски лаптоп се базира на иновативниот Intel Ivy Bridge процесор со ULT платформа наменет за тенки уреди. Тоа значи помалку трошење на енергија, со што се добива подолготрајност на батеријата – од 5 до 7 часа, помала висина и тежина. Новиот лаптоп е за 7mm потенок, а неговата тежина е од 0,3 – 0,5 kg помала од неговиот претходник.

Основните карактеристики на новиот модел вклучуваат: 3-та генерација на Intel ® процесор (Core™ i3, i5, i7) и Intel ® Pentium ® Dual-Core, до 8 GB RAM и до 1TB за подобрување на капацитетот; AMD Radeon™ HD до 2GB графичка картичка; светол и контрастен HD екран (1366×768), FHD и екран чувствителен на допир (1920×1080). Inspiron 3521 има куќиште од пластика во црна боја со ребраста текстура. Новиот модел е лансиран како дел од традиционалната линија на Inspiron со минималистички и модерен ергономски дизајн кој е изработен од hi-tech материјали.