Dell лансираше нов UltraSharp монитор

28

Colleagues Using U2913WM Monitors at Desk TogetherDell лансираше иновативен модел на монитор кој овозможува панорамски поглед со извонредни технолошки карактеристики. Новиот Dell UltraSharp U2913WM монитор овозможува единствено искуство со управување на повеќенаменски апликации во исто време. Благодарение на големиот панорамски екран е обезбеден простор за два напоредни монитори без нарушување на рамките помеѓу нив. Покрај тоа, ултра широкиот агол од 178/178 степени обезбедува беспрекорен поглед од која било позиција.

Единственото искуство на работење и гледање овозможува исклучително прецизна и точна варијација на живописни бои добиени со повеќе од 99% sRGB со делта Е вредност помала од 5.

Широката конекција со помош на 1.2, USB 3.0, Mini DisplayPort, DVI и HDMI заедно со високо прилагодливите закосувања и ротационото позиционирање овозможува поврзување на уредите и уживање во најновите забавни содржини.

Опцијата Dell Display Manager овозможува истовремена синхронизација со апликацијата подобрувајќи го визуелното доживување. Исто така, нуди разни опции кои можат да ја оптимизираат медиумската содржина на мониторот со Easy Arrange i Auto mode функцијата.

Автоматско поставување на видео параметри со Smart Video Enhance2 функцијата, се прилагодува бојата и острината што резултира со најдобра можна презентација.

За препорачано подесување најдобар избор се Choose Movie или Advanced за мануелно подесување на контрастот, заситеноста и нијансата на бојата со цел беспрекорно прилагодување на видео сликата.

Иновативниот UltraSharp монитор е енергетски ефикасен со помош на PowerNap и опцијата за динамично затемнување која автоматски помага околу регулација на трошење енергија. Освен тоа, U2913WM моделот има еко-свесен дизајн кој не содржи арсен, жива, ниту BFR/PVC ламинати.

Новиот UltraSharp U2913WM монитор може да се купи во сите подобро опремени продавници со техничка опрема, а цената можете да ја добиете по барање.

dell 2