Делови од природата врз скици од фустани на ерменски илустратор

355

nutela

Ерменскиот моден илустратор Едгар Артис кој создава слоевити модни изрази, на својот Instagram профил објави нови дизајни на фустани.

banana

Тој својата способност за уметност досетливо ја комбинира со делови од природата, електрониката и различни моменти од секојдневието, а завршниот производ е модна скица со текстура.

pomfrit

Со неколкуте слики кои почнаа да кружат по социјалните мрежи, Едгар успеа да создаде свој уникатен уметнички бренд и има 400.000 следбеници на Instagram. Овојпат на неговата хартија се најдоа состојки што ги нашол во неговиот дом, како домати, помфрит, кечап, бонбони, овошје…

boraniaj