Српско – британскиот старт-ап Kidesign со седиште во Лондон, започна кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter за детските едукативни и креативни играчки Densters.
Densters се мали играчки “чудовишта” коишто можат да се закачат за кебиња и чаршафи и да им овозможат на децата да изградат шатори и тврдини во својот дом.
Densters семејството го сочинуваат шест ликови, секој уникатен конектор, но и функционален предмет за во домот: Чикабу, Визета, Грампо, Снела, Хупста и три Зигзи. Чикабу може да се користи и како штипка, Визета како обележувач на страници за книга, Грампо може да се користи како потпирач на врата, Снела воедно е и држач за мобилен телефон, Хупста може да се носи како алка на раката, а малите Зигзи ги држат каблите во домот уредни.
Тимот на дизајнот и на развојот на производот работел една година. Веќе имаат понуда за масовно производство во кинески продавници специјализирани за производство на силиконски производи за деца, но најмногу би сакале производите Densters да се произведуваат во Србија или Британија, пишува Стартит.рс.