Од денес до петок десет македонски компании ќе земат учество на водечката светска саемска манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук, Fruit Logistica 2013 во Берлин.
Македонските претставници на компаниите ќе се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори и продавачи на големо, како и да ги испитаат можностите за нови стратегиски партнерства и нови пазари.
Тие исто така ќе имаат и можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста.
Престојот и учеството на нашите компании на Fruit Logistica 2013 е во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС).