Десет мали, но моќни лекции за успех

192

kluc-uspeh-pixabay

Фото: Pixabay

Мудрост никогаш доволно. Затоа Бизнинс Инфо е тука да сподели со вас уште една порција моќни зборови посветени на успехот.

Овој пат ќе го цитираме Зиг Зиглар, ветаран од Втората Светска војна и успешен менаџер за продажба во неколку компании. Почина на 28 ноември 2012. Имаше 86 години.

1. Запомни, неуспехот е настан, а не личност.

2. Ќе го добиеш она што сакаш, ако им помогнеш на другите да го добијат тоа што го сакаат.

3. Луѓето често викаат дека мотивацијате не трае долго. Не трае ни капењето во бањата. Затоа ги препорачувам дневно.

4. Никогаш не била подигната статуа во чест на некој што критикува.

5. Луѓето не купуваат поради логични причини, туку поради емоционални.

6. Очекувајте го најдоброто. Подгответе се за најлошото. Профитирајте од тоа што ќе дојде.

7. Ако бараш пријатели ќе дознаеш дека тие ретко се наоѓаат. Ако станеш пријател ќе ги наоѓаш насекаде.

8. Правилно избраната цел е половина достигната.

9. Не твојата способност, туку твоето однесување ќе одреди колку далеку ќе стигнеш.

10. Ако можеш да сонуваш за успех, можеш и да го постигнеш.