Десет проверени тактики за читање на говорот на телото

175

prekrsteni-race-pexels

Фото: Pexels

Поглед, држење на телото, гестикулации, смеа, движења на рацете и нозете, сето тоа вешто спакувано во прирачник од десет точки за успешно “читање” на соговорникот.

Грижата, изненадувањето и стравот често се поврзуваат со кревање на едната или двете веѓи. Тоа покажува дека луѓето се чувствуваат помалку или повеќе непријатно. Така, ако некој ви даде комплимент и притоа ги подигне веѓите, веројатноста комплиментот да е лажен е голема.

Ако гласот, односно неговата висината менува тон, оди горе – долу, соговорникот е заинтересиран за тоа што го кажувате.

Гледањето во очи секако означува заинтересираност. Таа може да е во позитивен, но и негативен контекст.

Психолозите ги толкуваат скрстените нозе како знак за затвореност, ментална, емоционална и физичка, што пак значи дека шансите се мали овие личности да попуштат при преговарањето.

Доколку вашите движења и начинот на кој седите или стоите, се отсликува кај соговорникот, разговорот оди во добра насока, задоволството е двострано.

За да препознаете лажна насмевка, погледнете на надворешната страна на очите. Ако не забележувате мали брчки (линии) кај соговорникот кога ви се насмевнува, насмевката не е искрена. Кога некој се смее вистински, се појавуваат овие мали линии на надворешниот агол на очите.

Ако тој/таа се смее кога се смеете и вие или пробува тоа да го направи, станува збор за позитивни вибрации или допаѓање.

Смеата неретко значи желба на соговорникот да се поврзе со вас на одреден начин, односно да оствари и понатамошен контакт.

Гордо исправено тело, смело и силно чекорење, споени дланки кај прстите, гестикулација со дланката долу укажуваат дека си имате работа со лидерски настроена личност.

Доколку забележите тресење на ногата, личноста со која разговарате се чувствува вознемирено или нервозно.