Десет работи што успешните лидери не ги толерираат

2

lider-4-pixabay

Фото: Pixabay

Успешните лидери се успешни затоа што знаат што треба, кога и како да се примени, промени… добро знаат што може, а што не смее да се толерира.

Нечесност

Нечесноста наметнува лажна реалност во вашиот живот и животите на оние околу вас, додека чесноста дава мир и спокој.

Здодевност

Животот е премногу краток за да бидете неактивни и да останете во вашата сигурна зона.

Просечност

Просечноста за успешните лидери не е доволна. Тие ја имаат волјата да направат тешки избори кои водат до живот каков што секој посакува.

Негативност

Секоја негативна мисла ве кочи да го дадете најдоброто од себе. Да се биде негативен е едноставно неприфатливо.

Токсичност

Било да е тоа дома или на работа, токсичната околина може само да ве “разболи”. Ако луѓето кои ве опкружуваат ве прават уморни, нерасположени, депресивни… дистанцирајте се.

Неорганзираност

Несреденоста и неорганизираноста предизвикуваат стрес. Сè што не ви користи фрлете го, а останатите работи чувајте ги подредени, онаму каде што им е местото.

Нездрави работи/навики

Нездрава храна, нездрави врски, навики… сето тоа е недозволиво. Потсетувајте се постојано дека заслужувате повеќе и подобро.

Лутина

Лутина секоја може да почувствува. Но, со држење на лутина не се постигнува ништо. Лутината насочете ја кон решавање на проблемите, а не кон луѓето.

Жалење

Сите за нешто жалиме, но ако останеме заглавени во минатото, не можеме да одиме напред. Учете од грешките и оставете ги зад вас.

Непочитување

Една од најдеструктивните сили на кои може да наидете е токму непочитувањето. Добрите врски се градат врз взаемна почит.