Десет совети од десет успешни луѓе

85

shah-pexel

Фото: Pexels

Бизнис Инфо е секогаш тука да ви даде совет и правилно да го насочи вашиот претприемачки ум. Подолу ќе најдете 10 мудри совети од 10 успешни луѓе. Читајте и учете!

Што повеќе познанства

Остварувајте што е можно повеќе контакти и водете евиденција кого се сте запознале. Прашувајте ги за совет и побарајте помош ако ви затреба. Познанствата со вистинските луѓе се клуч за успехот. – Клер Дрејер

Фокусирајте се

Насочете се на едно поле! И станете експерт во тоа поле на вашиот бизнис! Не бидете алчни! Тоа е причината што многумина се откажуваат од подвигот. – Џорџ Шепард

Понекогаш нема да ти оди

Имај го во предвид неуспехот. Само така ќе научиш да успееш. Ќе има доволно време за да ги поправиш работите, затоа само напред и направи го тоа – слободно згреши. – Греам Феникс

Дозволи и на страста да те води

Дознај која е твојата страст и следи ја постојано. Таа ќе те води низ твоето претприемачко патување. И запомни – не постои баланс кога ја градиш својата империја. Постојат некои работи што само претприемачите ги прават. – Катерина Гасет

Престани да мислиш на твојот паричник

Биди корисен, давај вредности. Наместо да мислиш “како да заработам пари за себе”, размислувај  ”како можам да им служам на луѓето и да им дадам вистински вредности”? – Рена Хедман

Денес е твојот ден

Денес ќе го сторам тоа, денес, денес, денес. Сега е вистинското време. Ова е вистинското место. Јас сум вистинската личност за тоа. – Џули Самфорд

Да се биде претприемач е патување, не дестинација

Научи да го сакаш патувањето. Уживај во бавното но сигурно движење кон твојот сон. И најди засолниште во комфорот на твоите блиски, пријателите и твојата креативна визија. Скарај се со стравот, во спротивно постојано ќе те следи. – Ахава Шира

Тест + Aкција  = Успех

“Постојано впуштај се во мали и малку поголеми ризици. Тестирај ги твоите резултати и фокусирај се на тоа што функционира. Превземи акција, таа ќе направи да се почувствуваш жив и ќе ти помогне да се изградиш како човек. – Џастин Крејн

Води се од мотото: “е ќе видите”

Игнорирај ги сите што велат дека си луд и дека идејата нема никогаш да ти успее. Се што ти треба е: “Не верувате? Е ќе видите”! – Дебра Гоулд

Прошири го умот, засекогаш!

Една работа – Никогаш не престанувај да учиш. – Џејмс Л. Пирсон

Имате нешто да додадете?