Мате Римац: Европските производители на автомобили не можат да ја победат Кина

Хрватскиот автомобилски претприемач Мате Римац изјави дека европските производители на автомобили не можат да ги надминат компаниите од Кина во директна конкуренција, туку дека треба да развијат своја ниша.

Во разговор за весникот „Автомобилвохе“, Римац изјави дека европските производители не можат да ги победат кинеските конкуренти натпреварувајќи се само по цена, производство на електрични погони или одредени технолошки решенија.

Тој ја спореди таквата стратегија со обидот на швајцарскиот производител на часовници „Ролекс“ да се натпреварува со американската технолошка компанија „Епл“.