Деспотовски: Владата двапати ја зголеми минималната плата, и повторно ќе расте

112

Дирекцијата за ТИРЗ не учествува директно во дискусијата за минималната плата, но компаниите во Зоните се засегнати особено што поголемиот број од нив исплаќаат минимални плати на работниците.

-Ние укажавме дека е неприфатливо да се одржуваат ниски плати бидејќи тие компании доаѓаат со поддршка од државата. Ние на новите компании што доаѓаат им велиме дека мора да обезбедат добра плата за вработените. Платата мора да расте и оваа Влада двапати ја зголеми минималната плата. Ова не е поради барање на ССМ туку е во програмата на Владата платата да расте. Но треба да имаме предвид дека имаме и домашни компании кои се соочија со кризата. Прашање е колку компаниите можат да го издржат тоа. Мора економски да растат и зајакнуваат компаниите па да растат и платите, вели Јован Деспотовски, директор на Дирекција за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во Утрински брифинг.