Девет погубни грешки за вашиот старт-ап

24

startup-pixabay

Фото: Pixabay

Сакате да успеете, да издржите до крај и да видите како вашата замисла станува реалност? Вашиот старт-ап ќе израсне во успешен бизнис, доколку се држите настрана од овие девет грешки.

Еден основач

Статистиката покажува дека оние коишто успеале во бизнисот започнале како тим од најмалку двајца членови.

Неспособност за приспособување

Тврдоглавоста не ви е од полза. Послушајте ги добронамерните совети и направете ги потребните промени.

Одолговлекување

Премногу мислење, како, дали, а што ако, може само да ја уништи идејата од корен. Што повеќе одвлекувате, толку подолго ќе чекате да ги добиете одговорите на вашите прашања.

Избрзување

Доколку се избрза со стартувањето пред да биде производот спремен како што треба или пред вие да се подготвите за сè што следува, нема да постигнете ништо.

Немање таргетирани клиенти

Целната група на корисници е таа што ги води претприемачите низ процесот на создавање. Ако не знаете кому е наменет вашиот производ/услуга, треба уште многу да учите.

20141205200549-aim-directly-target-market-land-new-clients

Премногу трошење

Трошење премногу пари пред да имате доволно висока бројка за следната рунда на вашиот старт-ап е крајно неодговорно и често значи крај.

Профитот пред корисниците

Парите можат да дојдат и подоцна, но не и купувачите. Направете ги нив среќни, дајте им го она што им треба во моментот.

Голема инвестиција

Доколку инвестицијата е голема, големи се шансите да се почувствувате како веќе да сте успеале, пред да направите нешто корисно за клиентите. На крајот на денот корисниците се тие кои треба да ги импресионирате, не инвеститорите.

Недоволна посветеност

Не е реткост да ве напушти страста некаде на пола пат. Ако мислите дека имате други опции освен вашиот старт-ап, истите ќе ве опседнуваат и на крај ќе се откажете.