Џеф Безос се разведува по 25 години брак

52

Фото: Twitter

Милијардерот и основач на Amazon, Џеф Безос се разведува од неговата сопруга Мекензи Безос по 25 години брак, пишува Reuters.

Педесет и четиригодишниот Безос е најбогат човек на светот, чие богатство надмина 160 милијарди долари. Неговата компанија Amazon, оваа недела на Wall Street успеа да го надмине Microsoft и да го симне од тронот како највредна компанија во светот.

Двојката одлучила да стави крај на бракот, но најавуваат дека ќе продолжат да соработуваат како партнери во заеднички инвестиции и проекти.

Писателката Мекензи Безос, која е шест години помлада од Џеф, го запознала својот сопруг на интервју за работа во хеџ фонд во Њујорк. Двојката има четири деца.