Diaverum, еден од водечки бубрежни центри во светот, ја презема приватната здравствена установа (ПЗУ) Диамед Македонија, којашто оперира со девет центри за дијализа и се грижи за повеќе од 670 пациенти во земјава, стои во соопштението.
Diaverum влегува на македонскиот пазар преку преземање на ПЗУ Диамед Македонија. Овој центар оперира со девет дијализни центри повеќе од девет години, кога доби на еден од двата јавни повика. Тендерот е со траење од 20 години, односно до 2034 година.
Македонија се соочува со многу предизвици поради високото ниво на хронични заболувања кај популацијата, што претставуваат сериозен напор за здравствениот систем. Девет отсто од населението има дијабетес, односно 54% има прекумерна тежина. Кај лицата над 18 години, 22% страдаат од прекумерна тежина и предиспозицијата за висок крвен притисок е 40%. Дијабетот и високиот крвен притисок се двата главни ризик фактори во развој на болест на бубрезите.
“Диаверум има повеќе од 25-годишно искуство со успешно третирање на пациенти кои боледуваат од бубрежна болест, како и работа со превентивна нега, за да се спречи развојот на овие болести. И пациентите и вработените и клиентите ќе имаат придобивка од високите стандарди на Диаверум во клиничката експертиза, тренинзите од светски ранг, едукативните програми и пристапот Пациентот прв”, вели Борис Зјачич, заменик претседател на Диаверум за Централна и Источна Европа.
“Воодушевени сме што Вера Иванова, поранешниот сопственик во ПЗУ Диамед Македонија, ќе остане како менаџер за Диаверум во земјава. Диаверум носи многу искуство и меѓународно знаење и убеден сум дека може да направиме вистинска разлика за пациентите во Македонија”, додава Зјачиќ.
“Императив за мене беше да одберам меѓународна компанија која има јасен фокус кон пациентите и солидно разбирање на локалната култура. Сакав компанија која ќе биде способна и подготвена да го прифати тоа што го создадов и да го подигне на наредно ниво. Ова значи уште поголемо подобрување на стандардите за квалитет за пациентите и овозможување вработените да имаат повеќе можности за раст во организацијата. Исто така, гледам недопрен потенцијал во партнерството на Диаверум и Министерството за здравство во други области, како што се трансплантацијата, образованието и менаџирањето на другите болести на бубрежно болните пациенти“, вели Вера Иванова, менаџер на Диаверум во Македонија.
“Вистински момент е да се влезе во Македонија и оваа аквизиција ја сигнализира нашата посветеност на македонскиот пазар. Ова е уникатна можност да се воспостави локално присуство во земјава, како можна платформа за потенцијални идни експанзии на балканскиот регион“, вели Даг Андерсон, Главен извршен директор во Диаверум.