DIGIT – Шестдневно IT дружење во областа на графичкиот дизајн

26

3b64e44b-17aa-4302-b968-5b4b93323776ИТ настанот DIGIT, кој го организира Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, вчера беше свечено отворен.

На отворањето присуствуваа претставници на факултетот ФИНКИ, кои заедно со компанијата Seavus се златни спонзори на шестдневното дружење, како и останати гости од индустријата, медиумите и студенти при Универзитетот Кирил и Методиј.

Настанот беше претставен како најголем проект на СП Финки и одлична можност за младите луѓе да ги покажат своите големи амбиции.

“Проектот DIGIT организиран од СП Финки докажа дека се што се сака може да се постигне. Започна како една мала идеја, но со голем труд и макотрпна работа, голема тимска посветеност, овој настан прерасна во најголем проект што некоја студентска организација успеала да го направи. За тоа говори бројката на пријавени учесници, односно 322 студенти кои сакаа да земат учество во настанот, но поради ограничување на бројот на учесници, навистина беше тешко да се направи селекција само на 60 кандидати”, изјави Давор Поповски, претседател на Студентскиот парламент на ФИНКИ.

Настанот има за цел повеќе обуки да се даде придонес во стекнувањето вештини и компетенција во ИТ графичката индустрија, како една од поинтересните за студентите.

“Можеме да се пофалиме дека нема поминато ниту месец, а веќе Seavus Едукативниот и Развоен центар е вклучен во нов ИТ настан, организиран од студентите за студентите. Стануваме компатибилен партнер на македонското високо образование. Ви посакувам максимално да ги искористите предавањата во рамки на настанот DIGIT кои ќе се одржуваат во просториите на Seavus Едукативниот и Развоен центар и да научите нешто повеќе од областа на графичкиот дизајн”, изјави Ирена Чаушевска, директор на Seavus Едукативниот и Развоен центар.