Дигитален Маркетинг 101: Зголемете ја интеракцијата на Facebook

20

BLOGGING-BASICS-BUILDING-AN-ONLINE-PRESENCE-1200x600

Image source: https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2016/04/BLOGGING-BASICS-BUILDING-AN-ONLINE-PRESENCE-1200×600.jpg

Овој текст е дел од серијалот на текстови поврзани со Дигиталниот Маркетинг и ќе се изучува на курсот за Online Marketing за вашиот бизнис: Како до нови посетители и клиенти

Дали барате нови начини како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови на Facebook? Поради сите промени што ги направи Facebook, да поттикнете интеракција на вашите фанови е поважно од било кога. Видливоста на вашите постови на News Feed сега во најголем процент зависи од интеракцијата.

Во овој текст ќе најдете неколку насоки како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови.

  1. Привлечете ги читателите на одредена точка од постот

На ѕидот на вашите фанови и така поминуваат илјадници нови постови секој ден, па за да им го привлечете вниманието навистина треба да се потрудите повеќе. Само добар наслов и слика веќе не е доволен. Наместо тоа пробајте да побарате мислење од нив. Во постот подолу има пример како со текстот се заинтересираат читателите да притиснат на линкот и да го прочитаат остатокот од текстот.

1011

Image source: https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2016/04/1011.png

  1. Внимавајте на тајмингот

Тајмингот е екстремно важен кога станува збор за постирање на социјалните медиуми. Постирање на Facebook кога се сите на работа или кога спијат не е ефективно. Пробајте со постирање после работно време или кога луѓето се на пат од работа. Ова се времињата кога фановите најчесто ги проверуваат новостите на социјалните медиуми. Во секој случај треба постојано да се тестира кога е најдобро време за постирање. На пример времето помеѓу 12 и 13 често за Brainster најмногу функционира. Претпоставуваме дека е тоа времето кога вработените се на пауза за појадок. Алатка која ја препорачуваме да ја користите за да ги закажувате вашите постови и да ги анализирате е Buffer. За ова ќе зборуваме на курсот Online Marketing за вашиот бизнис: Како до нови посетители и клиенти.

  1. Фотографии

Постојано слушаме дека сликата вреди 1.000 зборови, нели? Но на Facebook сликите вредат уште повеќе. Leneys, корејски моден бренд често користат фотографии за да ги поттикнат нивните фанови на интеракција. Овој пост им носи повеќе од 50 коментари, лајкови и споделувања.

image3

Image source: https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2016/04/image3.png 

  1. Изработи евергрин содржина

За изразот „Евергрин содржина“ првпат слушнав од г-динот Дарко Булдиоски на курсот за социјални медиуми и оттогаш почнав да истражувам која е тајната на овие содржини. Евергрин содржината може да биде актуелна и неколку месеци, па и години. На пример, постот на HubSpot каде претставуваат 36 најдобри блогови за социјални медиуми е напишан во 2010 година, но сè уште е релевантен и пребаруван денес. Изработете ваква содржина и секогаш ќе имате интеракција на вашите социјални медиуми.

  1. Покажете кој стои позади компанијата

Од време на време добро е да споделувате фотографии од вработените, од клиентите или едноставно од терасата на која работите за време на пролетните денови. Компанијата Brand Union одлично го прави ова. Ви препорачувам да ја разгледате нивната Facebook фан страна. Воедно, доколку го посетите курсот  Online Marketing за вашиот бизнис: Како до нови посетители и клиенти, ќе имате можност да се запознаете и да учите од Ива Дујак, Digital Operations Manager во оваа компанија.

10111

Image source: https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2016/04/10111.png

  1. Организирај Facebook натпревари

Организирањето на натпревари на Facebook секогаш поттикнува интеракција. Еден интересен Facebook натпревар организираа цимерите од претходната наша канцеларија Reborn, каде од фановите побараа да ја дешифрираат нивната емоџи приказна.

112233

Image source: https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2016/04/112233.png

Ако сакате да дознаете други интересни начини како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови на Facebook, регистрирајте се на курсот Online Marketing за вашиот бизнис: Како до нови посетители и клиенти.