Банките во Германија затвораат сè повеќе филијали поради дигитализацијата на услугите и зголемените трошоци. Минатата година бројот на филијали се намалил за 10 отсто, на 21.712, објави во понеделникот германската централна банка.
Банките затворија 2.388 филијали во 2021 година, по 2.567 претходната година. Бундесбанката соопшти дека онлајн банкарството и мерките за штедење стојат зад овој тренд.
Минатата година имало и 1.519 независни кредитни институции, што е за 160 помалку од 2020 година.
„На банкарското небо се собираат облаци поради промените на каматните стапки, слабеењето на економскиот раст и зголемената инфлација, затоа ги советуваме банките да се грижат за трошоците и доколку е потребно, да се обединат“, изјави Јоаким Вурмелинг, член на извршниот одбор на Бундесбанк.
Помалиот број филијали значи дека германскиот банкарски систем е во фаза на реструктуирање и консолидација.
Минатата година германските банки затворија четири подружници во странство, па сега, според последните податоци, ги има 79.