Дигиталното евро нема да биде пред есента 2026 година

45

Европската централна банка (ЕЦБ) го тестира дигиталното евро, но нема да го воведе пред крајот на 2026 година, изјави во средата членот на извршниот одбор на Бундесбанк, Буркхарт Балц.
„До крајот на пробниот период следната есен, Советот на ЕЦБ, во соработка со европските законодавци, ќе донесе одлука за фазата на имплементација на дигиталното евро“, рече Балц на конференцијата во Франкфурт. ”

Дигиталната валута може да се користи после тоа, но не пред есента 2026 година“.

Во јули минатата година ЕЦБ одлучи да започне двегодишен преглед на условите за дигитализација на еврото, вклучувајќи ги технолошките и правните услови, како што се оние за заштита на податоците, па дури потоа да донесе одлука.

Доколку го има, дигиталното евро ќе биде само варијанта на готовина, која секако ќе остане во оптек. Дигитализацијата на еврото е можен одговор на криптовалутите како биткоин и етериум, но со предност на стабилност бидејќи ќе биде под надлежност на ЕЦБ.

Дигитализираните решенија за плаќање сега се домен на високотехнолошките компании.

„Напротив, дигитализираното евро може да им понуди на граѓаните стабилно платежно средство“, вели Балц.

Освен ЕЦБ, некои други централни банки исто така ги истражуваат можностите за дигитализирање на валутите.