DINA – апликација која препорачува како да се облекувате поради (не)времето

77

Апликациите за временска прогноза се меѓу најчестите типови на апликации за паметни телефони, но без разлика колку веќе ги има, се појавуваат нови, од кои некои се обидуваат да понудат малку поинакви можности. DINA е токму таква апликација.

Покрај тоа што може да го прикаже моменталното време, потпирајќи се на една од најпознатите услуги за прогнозирање, позната по хиперлокалните и многу точни прогнози на Dark Sky, клучна карактеристика на оваа апликација е фактот што советува што да носите.

Притоа, ги зема предвид моменталните временски услови но и збир на лични податоци (тип на кожа, пол, висина, тежина и возраст) како и личните преференци и потоа препорачува соодветна облека, потпирајќи се на вештачката интелигенција .

DINA ја користи локацијата за прикажување на временската прогноза и не е можно рачно да се внесе друга локација и потребна е интернет конекција. Покрај прикажувањето на тековните временски податоци со најважните информации, има и кратка прогноза за следните осум дена, како и опција за вклучување на опција за прикажување на утрешната временска прогноза.

DINA, барем засега, е потполно бесплатна и не прикажува реклами, а исто така моментално е достапна само за паметните телефони со Android, a се планира i iOS верзија.