Директорот на Kodak користи филм лента како визит – картичка

24

kodakceobusinesscard1Извршниот директор на Kodak, Џеф Кларк, има навистина креативна визит – картичка, којашто е филм лента од 33 милиметри, пишува PetaPixel. Но, таа покрај името и функцијата на сопственикот промовира многу повеќе –  мисија на компанијата да се вратат филм лентите повторно во употреба.

Кларк ги даваше своите филм визит – картички на новинарите за време на саемот за технологија во САД, CES 2016, каде неговата компанија претстави низа нови производи, меѓу кои и дигиталниот/аналоген хибрид на познатата Super 8 камера.

На долниот дел на визит – картичката на Кларк се наоѓа хаштагот #MADEWITHKODAK, додека на останатите визит – картички на вработените од компанијата стои savefilm.org, линк од веб страна каде се документира кампањата за зачување фотохемискиот филм.