Директорот на позната банка ќе настапи како диџеј на фестивалот Lollapalooza

Директорот на Goldman Sachs Bank во јули ќе настапи на еден од најголемите американски музички фестивали Lollapalooza заедно со Дуа Липа и бендот Металика.

Дејвид Соломон (60), кој е диџеј во слободното време, рече дека е возбуден што „пушта музика“ на настанот. Веста за настапот ја сподели на својот „музички“ профил на Инстаграм.

Банкарот, кој заработи 35 милиони долари минатата година, рече дека приходите од концертот ќе бидат наменети за непрофитни организации фокусирани на борбата против зависноста. Соломон го има ова хоби од 2015 година, а основаше своја издавачка куќа во 2018 година – истата година кога Голдман Сакс го назначи за извршен директор.

Тој соработуваше со добитниците на Греми и настапуваше на други сцени, вклучувајќи ја и забавата организирана од списанието Sports Illustrated во јануари. Во февруари ја објави својата најнова песна „Heatwave“.

Тој вели дека музиката му помогнала да се опушти – и покрај тоа што некои му рекле дека претставува ризик за неговата банкарска кариера, тој не видел потреба да престане да настапува.

„Размислив за тоа и реков: „Уживам во ова, не правам ништо лошо, не кршам никакви закони, се забавувам“, рече тој. „Зошто би престанал да правам нешто во што навистина уживам?