Директорот на Пума се сели во Адидас, акциите „експлодираа“

135

Извршниот директор на Пума, Бјорн Гулден, го напушта германскиот производител на спортска облека на крајот на годината за да го преземе кормилото на конкурентот Адидас, според извор од индустријата.
Пума објави дека го именувала главниот комерцијален директор Арне Фројнд за нов извршен директор од 1 јануари, откако на Гулден му истекува договорот на крајот на годината.

Фројнд, кој работеше за Пума повеќе од 10 години, ќе добие четиригодишен договор.

Адидас потврди дека е во преговори со Гулден за можна замена за извршниот директор Каспер Рорстед.

Акциите на Адидас експлодираа дури за една петтина по оваа информација.

Од август, Адидас бара наследник на Рорстед, кој планира да ја напушти функцијата во 2023 година.