Дизелот поскапува за еден, бензините за половина денар

4

бензиниOд ноќеска на полноќ, бензините ќе поскапат за половина, а дизелот за еден денар. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-98 изнесува 80 денари, додека Еуросупер БС 95 ќе изнесува 78,50 денари за литар. Од ноќеска на бензинските пумпи ќе се точи дизел гориво поскапо за еден денар, па така неговата нова цена ќе биде 70,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 се намалува за 0,409 денари за килограм, во однос на цената утврдена согласно и со неговата нова цена ќе биде 40,535 денари за килограм.