Доаѓаат лаптоп процесори со рекордни 16 јадра

29

AMD продолжува пријатно да изненадува со своите достигнувања кај процесорите. Компанијата не само што најави 128-јадрен серверски процесор, туку подготвува за пазарот и 32-јадрен десктоп Ryzen.

Сега на интернет се појавија уште поинтересни информации. Според публикацијата на Videocardz, производителот на чипови ќе постави уште еден рекорд со лансирање на мобилни процесори Raphael-H кои имаат 16-јадра со TDP од над 45 вати.

Новите чипови за лаптоп се дизајнирани врз основа на архитектурата Zen 4 користејќи технологија од 5 nm (нанометри).

Изворот, исто така, тврди дека десктоп процесорите Granite Ridge на AMD ќе се базираат на архитектурата Zen 5.

Овие чипови ќе се произведуваат со технологија од 3 и 6 nm.