Акциите на градежната компанинија Бетон кои пораснаа над 11%, бележат најголем скок на Македонската Берза за изминатиот месец. Од друга страна пак, најголемиот губитник за месец октомври е Стопанска Банка Битола, чии што акции паднале за дури 29%.
На второ место се најдоа акциите на Рудници и Железарница Услуги Скопје, со забележан пораст од 2,61%, додека на трето место на Македонската Берза се акциите на металуршкиот гигант Макстил со искачување од 1,30%.
Изминатиов месец забележан е пад од 24%, кај акциите на Топлификација. На листата на губитници на Берзата се најде и РЖ Институт Скопје со пад од 22%.
Според месечниот статистички билтен на Берзата, акциите на Алкалоид се најтргувани акции на официјалниот пазар, со 185 трансакции, следни се акциите на Комерцијална банка, додека на трето место како најтргувани се најдоа акциите на Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола.
За месец октомври Македонската Берза извршила вкупно 969 трансакции чија вредност се проценува на 223.295.217 денари, односно 3,6 милиони евра.