Добрата соработката раѓа добри идеи

39

ideja

Фото: Pexels

Кога размислуваме за големите иновации најпрво помислуваме дека настанале од еден поединец. Но, тоа не е баш така, големите изуми најчесто се производ на колективната работа на повеќе луѓе, пишува Forbes.

Многу компании велат дека сакаат да бидат иновативни и дека нивниот бизнис модел се темели на соработка, но грешката е во тоа што тие им приоѓаат на овие два концепта како посебни, одвоени еден од друг.

Истражувањата на универзитетот во Тенеси покажаа дека иновацијата и соработката меѓусебно не се исклучуваат, туку баш напротив, тие се надополнуваат една со друга.

Иновациите настануваат преку заеднички бреинсторминг. Оние најуспешните или најиновативните не бараат само мислење од својот тим, туку и пошироко, со други зборови го “опипуваат” пулсот на околината, од конкуренцијата па се до деловните партнери.

Токму таквиот концепт на функционирање, базиран на соработка со цел да се развијат иновации, го воведе мултинационалната компанија Procter & Gamble во 2000 година кога на чело застана A.Г. Лафлеј.

Тој концепт беше познат под името  поврзување и развивање. P&G соработуваа и со аутсајдери. Еден таков пример е крпата за прашина која им се виде интересна на делегатите од компанијата за време на еден службен пат во Јапонија. Тие ги откупија правата над неа, а резултат од тоа беше еден најуспешните производи на компанијата. Крпата беше продадена во преку 200 милиони примероци.

Денешниот бизнис модел многу зависи од добрата соработка во внатрешноста на фирмата, како и партнерството со другите компании.

Иднината ќе им биде наклонета на оние кои нема да чекаат момент на инспирација од некој гениј, туку на оние кои ќе создадат атмосфера и работни односи кои ја комбинираат моќта од повеќе извори.