Добредојдени совети од познати, успешни личности

32

Добар совет никогаш не е на одмет. Но, трикот е дали сме подготвени да го слушнеме и дали всушност сакаме да го примениме? Голема улога игра и тоа кој ни го дава советот, дали е нашиот родител или можеби пријател? Колку е веродостоен советот и личноста која ни го дава, се разбира и дали е во согласност со нашите ставови. Сето тоа ќе влијае и на одлуката што ќе ја донесеме. Дел од познатите личности откриваат кој е најдобриот совет што го добиле во животот. Гледајќи по успехот што го постигнале, тие ги примениле советите кои ги добиле. Слободно послужете се со советите и можеби ќе го имаат истиот ефект и кај вас.

Марта Стујард, основачот на Martha Stewart Living Omnimedia

marta

Фото: marthastewart.com

„Најдобриот совет што во животот го имам добиено е од мојот татко, кога имав 12 години и бев спремна да слушам. Тој ми кажа дека со моите лични карактеристики, Јас ќе можам да постигнам се што ќе посакам. Овој совет во мене инсталираше големо чувство на самодоверба и покрај фактот што понекогаш бев малку нервозна, но сепак правев што ќе наумев и кога ќе посакав. Навистина мислам дека често родителите се тие кои треба да им помогнат на своите деца да ја изградат самодовербата. Тоа е неопходен дел од процесот на растење.

Ричард Брансон, основачот на Virgin Group

„Најдобриот совет кој што ми го дале? Едноставен е: Да не се каам. А кој ми го даде? Мојата мајка. Доколку го прашате било кој човек на светот, кој им го дал најдобриот совет, со сигурност ќе ви кажам дека тоа била нивната мајка. И јас не сум исклучок од тоа правило. Мојата мајка ме научи на многу вредни животни лекции, кои ми помогнаа да го обликувам мојот живот. Но, да не се каам се издига над сите останати совети, бидејќи беше основа на сите аспекти од мојот живот и дел од секоја бизнис одлука што ја донесов.“

Мариса Маер, извршен директор на Yahoo

„Мојот пријател Андре ми кажа „Мариса, ти си вршиш силен притисок самата на себе си да го направиш вистинскиот избор и јас морам да бидам искрен со тебе: Јас не ги гледам така работите. Гледам дека има широк спектар на добри избори и меѓу нив се наоѓа едниот за кој ќе се одлучиш и ќе го направиш да биде одличен. Мислам дека ова е најдобриот совет којшто сум го добила.“

Ерик Шмит, извршен директор на Google

„Најди начин да им кажеш ДА на работите. Кажи да, на поканата за престој во некоја нова држава. Кажи да, за запознавање на нови пријатели. Кажи да, за учење на нови работи. Со едно да, ја доби првата работа и следната работа на којашто ќе аплицираш, и твојот брачен сопатник, па дури и твоите деца.“

Морин Шикет, извршен директор на Chanel

Мајки Дрекслер, извршен директор на Gap во тоа време и кажа на Морин: „Јас ќе ти дадам еден многу важен совет. Ти си многу добар трговец, но Мора да научиш да слушаш.