Додека Русите го исклучуваат гасот европска земја ја искористи можноста: Испорачува рекордни количини гас

330

Норвешкиот систем за извоз на гас треба да испорача рекордни количества од овој енергент во Европа оваа година и ќе настојува да испорача значителни количини гас и во наредните години – изјави извршниот директор на операторот на норвешкиот гасоводен систем „Гаско“, Фроде Леверсунд.

„Летово испорачавме количество гас што вообичаено би го испорачувале во зимските месеци“, изјави Леверсунд за Ројтерс.

Тој додаде дека Гаско во септември ќе изврши планирано одржување што ќе го намали капацитетот, но на 1 октомври системот „ќе биде подготвен за почетокот на зимата“.

Норвешка стана најголем снабдувач на гас во Европа оваа година, престигнувајќи ја Русија дури и пред минатонеделното затворање на гасоводот Северен тек 1, според податоците на Refinitiv Eicon, според Ројтерс.

Системот на Гаско ги снабдува со гас Велика Британија, Германија, Белгија и Франција, а оваа година компанијата го одложи редовното летно одржување за да обезбеди испораки, со оглед на намалените количини на тој извор на енергија од Русија.

Претставникот на Газпром, инаку, инаку изјави дека „снабдувањето на гасоводот Северен тек 1 нема да биде обновено додека Сименс не ја поправи турбината“.