Dogecoin го престигна Кардано и стана шеста најголема криптовалута по пазарна вредност

89

Пазарната капитализација на dogecoin деновиве ја надмина пазарната вредност на карданo и повеќе од 120 компоненти на индексот S&P 500.
Вредноста на DOGE се катапултираше за 150% од 0,0594 долари на 0,15 долари за само четири дена – при што цената се зголеми за 74% само во последните 24 часа, покажуваат податоците на CoinDesk.

DOGE, кој беше лансиран како шега во 2013 година, имаше пазарна вредност од околу 17,5 милијарди долари, додека кардано беше на 14,5 милијарди долари.

Се чини дека DOGE лета на крилјата на долгогодишниот обожавател на оваа криптовалута, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој го затвори купувањето на Twitter оваа недела. Во минатото, Маск гарантираше за користење на DOGE за ограничување на спам и ботови на Твитер и наплата на корисниците за нивните твитови.

Според основачот на Кардано, Чарлс Хоскинсон, преземањето на Твитер од страна на Маск ја зголемило веројатноста за спојување на DOGE со платформата за социјалните медиуми.