Договорените градежни работи во странство со скок од 54.3 %

24
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 343 806 илјади денари, што е за 54.3 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 141 833 илјади денари, што е за 1.2 % помалку во споредба со истиот период од
претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2024/2023 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 55,6516 денари.
Фото: Pixabay