Дојче Банк ги пресели руските програмери во Германија

53

Дојче банк пресели неколку стотици ИТ професионалци од Русија во Берлин, нудејќи им на сите вработени во својот руски технолошки центар работа во Германија, објави весникот Handelsblatt.

Во извештајот понатаму се наведува дека неколку стотици од 1.500 програмери на рускиот технолошки центар досега прифатиле вработување во Германија.

Во Берлин забрзано се формира нов технолошки центар и се зголемуваат капацитетите кои би можеле да прифатат прилив на нов број работници за банката.

Бројот на руски вработени кои се преселуваат во новиот технолошки центар на банката во Берлин би можел да продолжи да се зголемува, пишува Handelsblatt. Германските медиуми пишуваат дека повеќе од половина од рускиот персонал изразил желба за професионална преселба.

Со овој чекор банката го намалува ризикот од губење огромен број стручен кадар доколку тензиите меѓу Европската унија и Русија поради рускиот напад врз Украина го оневозможат продолжувањето на работата на нејзиниот технолошки центар, пишува Biznis.rs.