Дојче Телеком Унгарија отпушта 500 вработени

51

Германскиот телекомуникациски гигант Дојче Телеком ќе укине околу 500 работни места во Унгарија. Ваквата одлука ја најави директорот на Одделот за Европа при групацијата, Клаудија Немат. Ваквиот став на компанијата се оправдува со големиот план за преструктуирање во сите филијали.

Во интервју за германскиот Ханделсблат, Немат нагласува дека намалувањето на бројот на работни места се должи на падот на продажбата на Дојче Телеком, додавајќи дека компанијата очекува подобрување на состојбата дури во текот на 2014 година.

Немат ја истакнува можноста ваквото сценарио за укинување на работни места да се случии во Грција, но ја отфрли можноста за продавање на ОТЕ, филијалата на Дојче Телеком во Грција, бидејќи таа компанија се уште работи задоволително и бележи добар раст бројот на клиенти клиенти

Планот во Дојче Телеком Унгарија за намалување на работните места треба да се реализира до средината на 2013 година.