Доктор од Лондон го креираше првиот стетоскоп со 3D принтер

27

tarek-loubani.jpg.size.xxlarge.letterboxТарек Лубани, доктор со канадско – палестинско потекло го креираше првиот стетоскоп создаден со 3D принтер, за само 2,5 долари, пишува The Independent.

Младиот доктор кој живее во Лоднон и работи во итната медицинска служба, разработи цел проект наречен Glia Project, чија што цел е да создаде низа вакви инструменти коишто би им биле од голема корист на лекарите и хирурзите во сиромашни места како Газа.

stethoscope8

Стетоскопот беше тестиран во Канада со балон наполнет со вода и аудио тестовите покажаа дека истиот е еднакво функционален како водечкиот модел на пазарот.

Плановите се инструментот да се произведува локално за потребите на локалните болници, за да не зависи од разните политики во регионот.

Лубани вели дека процесот на имплементација на инструментите е навистина бавен, со оглед на тоа што многу доктори во Газа не ни користат стетоскоп, но се надева дека цената и квалитетот ќе бидат мотивација да се смени таа пракса.