Доларот нагло паѓа, цените на нафтата се лизнаа

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 108,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 109,16 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,85 на 155,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0390 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0305 долари.

Цените на нафтата сепак паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,03 отсто, на 80,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,67 отсто, на 77,35 долари.