
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се намали, по растот од минатата недела.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се лизна за 0,25 проценти, на 100,84 поени.
Во исто време, девизниот курс на американската валута во однос на јапонската валута ослабе за 0,2 проценти, на 145,30 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото се зголеми за 0,15 проценти, на 1,1180 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа, по минатонеделното зголемување од повеќе од 2 проценти. Цената на барел на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,46 проценти, на 65,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се намали за 0,34 проценти, на 62,30 долари.