
На валутните пазари, во претпладневното тргување во петокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на близу најниското ниво оваа година.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,40 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 107,07 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,40 на 150,25 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0495 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0430 долари.
Цените на нафтата, пак, благо паднаа по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,15 отсто, на 76,35 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,14 отсто, на 72,40 долари.