На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,97 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,90 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 155,25 на 153,50 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0375 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0290 долари.
Цените на нафтата сепак паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,37 отсто, на 75,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,22 отсто, на 72,55 долари.