
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути изгуби дел од минатонеделните добивки.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,17 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 107,56 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,15 отсто, на 150,40 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,3 отсто, на 1,0415 долари.
Цените на нафтата сепак пораснаа по минатонеделниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,34 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 70,00 долари.